Жупанскиот суд во Вараждин осуди маж од гратчето Лопатинец, Хрватска за неколкукратно силување и сексуално злоставување на неговите три малолетни ќерки. Тој доби 17 години затвор, пренесуваат хрватските медиуми.
Обвинетиот С.Н. одбил да присуствува на објавувањето на пресудата, во која се наведува дека девојките од овие трауми развиле и ментални проблеми во вид на трајна промена на личноста и разни психички нарушувања.
Злоставувањето на девојчињата траело со години, во период од 2008 до 2015 година. Девојчињата, некои помлади од 14 години, поради потешкотии во развојот, на училиште учеле по специјално прилагодена програма.
Кога ќе се обиделе да се оттргнат од нивниот татко, тој се заканувал дека ќе ги претепа.