Словенецот Давид Копчиќ починал во четвртокот од срцев удар откако во Црвена лука, во близина на Биоград, на море спасил живот на турист кој добил грч додека пливал во водата.
– Брат ми и неговото семејството тукушто се закотвувале со чамецот кога слушнале повици за помош во морето. Маж на возраст од околу 50 години се давел. Давид веднаш скокнал во вода и отпливал до човекот. Луѓето од чамецот во близина му дофрлиле појас за спасување, а брат ми му помогнал да го облече појасот – раскажува Денис Копчиќ за „Јутарњи весник“.
По спасувањето, Давид се вратил со пливање во чамецот и тргнал кон Пакоштани. Во текот на 20-минутната пловидба почувствувал голема слабост и чукање на срцето. Имал само толку сила да ги доведе споругата и ќерките на сигурно до пристаништето, по што го врзал чамецот и се онесвестил.
Итната помош стигнала за пет минути, но по два часа Давид починал од инфаркт.
– Неговиот животен сон беа чамците. Пред еден месец положи за возење по море и едвај чекаше да дојде во Биоград на море, да изнајми чамец и да исплови со своето семејство. Ден пред тој кобен ден зборуваше дека е среќен. Дури и на шега рече дека ако еднаш треба да се умре, нека биде во чамец. Тоа и се случи за жал – раскажува неговиот брат.
Иронично е тоа што, човекот кој го спаси ни денес не знае дека Давид починал после тоа. Фотографијата ја снимил околу 14 часот, а околу 15 часот се борел за живот. Неговата смрт е прогласена во болницата во Биоград, во 17.20 часот.