Татко се фрли од мост со синовите во раце – тој почина, децата преживеаја


Искрено, ова е чудо, се првите зборови на полицаецот кој дошол на мостот во американската држава Њу Џерси, од којшто неколку минути претходно се фрли татко со две деца во прегратка. И навистина се случило чудо во трагедијата – таткото умрел на самото место, а неговите синови на возраст од една и три години останале живи.policija-new-jersey-640x379

Џон Спикен се обидел од мост висок 30 метри да си го идземе животот себеси и на своите деца, но за среќа не успеал во намерата. Децата се во болница и нивната состојба е стабилна. Годиначето има повреди на градниот кош, едно напукнато ребро и потрес на мозокот, а тригодишникот поминал подобро од својот брат – тој има само потрес на мозокот.

– Под мостот има грмушки, па најверојатно гранките го ублажиле падот. Немам друго објаснување за ова чудо, вели полицаецот Кристофер Депјут.

Целата драма во Њу Џерси започнала кога пријателот на сопругата на Спикен се јавил во полиција и рекол дека полудениот Џон му ги земал децата по кавга и заминал со нив со автомобил. Полицијата брзо го лоцирала и стигнала до мостот каде што бил паркиран автомобилот.

Таткото не го спречила ни високата ограда на мостот, која е поставена поради претходни обиди за самоубиство. Тој паркирал веднаш до оградата, се качил на автомобилот, ја прескокнал оградата и скокнал во смрт со децата, но не успеал и нив да ги поведе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1