Татко се обидел да го убие синот – еве што детето му порачува по 10 години


Ентони Сукто имал само 8 години кога неговиот татко за малкју ќе извршел двојно убиство. Момчето кое го преживеало нападот на својот татко во Сиетл денес има 18 години и живее во Тексас со својата тетка.

– Ве молам помогнете.Татко ми ме уби со нож и умрев.Се разбудив и видов како мојоттатко ја убива мојата мајка, а потоа ми рече да се тргнам на другиот кревет бидејќи јас сум следниот. Потоа и мене ме уби. Меѓутоа јас сум жив. Некако преживеав   – рекло тогаш 8-годишното момче кое успеало да повика помош.

Anthony Sukto 02

Неговиот татко првин брутално ја нападнал неговата мајка и ја убил, а потоа го нападнал својот син на кој му задал шест убодни рани во лицето и во стомакот. Уверен дека момчето починало, тој ја напуштил куќата, а Ентони повикал помош.

Кога објаснил дека неговата мајка  лежи мртва покрај него, а тој сериозно крвари, неговиот татко повторно влегол во куќата. Малиот Ентони ја спуштил слушалката. За среќа полицијата веќе била пред врата и го уапсила таткото.

– Незнаев дали ќе преживее. Во неговите очи ја видов смртта – изјавил еден одполицјаците кој прв пристигнал на местото на злосторството и му го спасил животот на момчето.

Anthony Sukto 01

Ентони преживеал со чудо. Во разговор во популарното шоу на Опра Винфри тој изјавил дека ангелите му рекле да се преправа дека е мртов, а потоа го подигнале од креветот и му рекле да го земе телефонот и да побара помош.

Неговиот татко,Тони  Сукто е осуден за убиство од прв степен и добил затворска казна во траење од 25 години. Иако никогаш не стапил во контакт со својот татко, Ентони се надева дека еден ден кога неговиот татко ќе излезе од затвор ќе може да позборуваат и да му порача дека се му простил..

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1