Таткото на децата оставени сами во автомобил бил во црква на прослава за Богородица


Таткото на двете деца оставени сами во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче, бил на прослава во црква за празникот Успение на Богородица. Тој бил разведен со мајката на децата, а тие биле оставени кај него на еден на чување, објавува „Република“. Случајот веќе го потврди и полицијата.

По реакција на граѓани полицијата ги извадила од возилото и тие биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје. Очевидци за „Република“ раскажуваат дека децата била сами во автомобилот и плачеле, додека татко им бил во црквата која се наоѓала близу паркингот на прослава по повод празникот Богородица. Децата била исплашени, исцрпени и молеле за помош. По што минувачи ги слушнале и пристапиле да помогнат.

На 28 август околу 21,50 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар „Видое Смилевски Бато“ во паркирано патничко моторно возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени. Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза’“, информираат од МВР.

По преземени мерки од полициските службеници, пронајдени Т.Т.(44) и М.Н.(35), родители на децата. За случајот полицијата го известила јавниот обвинител и се работи на расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1