Таткото на избодениот полицаец: Филип не знае да удри некого, ниту пак тоа го направил некогаш


Таткото на момчето кое со нож беше прободеното во саботата во дискотека од страна на двајца синови на висок функционер вработен во МВР се огласи преку својот Фејсбук профил.

Тој претходно обвини дека напаѓачите на неговиот син се двајца синови на функционер на МВР. Гоце Филиповски обвинува за непрофесионална истрага од страна на полицијата и посочи дека неговиот син никогаш не удрил никој.

-Повредите за кои зборува таткото на сторителите не се добиени во тепачкаа со син ми затоа што тепачка немало. Филип не знае да се тепа, не знае да удри некого ниту пак тоа го направил некогаш. Тој е на овој свет да помогне секаде каде се може, така е воспитан за разлика од сторителите кои ако ги погледнете нивните фотографии на ФБ за кои ми рекоа дека се избришани ќе видите фотографии со пушки, пиштоли, ножеви. Зашто никаде официјално не беше споменато дека истите сторители во обид да побегнат на 10 тина метри од локалот прават сообраќајка со нивното возило „Рен“ кое кога јас пристигнав беше на местото каде што останало до 8 часот изутрина, видно оштетено, а на местото имаше полициски службеници. Зашто не беше и возилото однесено на вештачење, сигурен сум дека во него има траги од крв и доколку се повредени извршителите,а што не е наведено во полицискиот записник, повредите им се од сударот со друго возило, пишува таткото на прободеното момче.

Советникот во МВР, Ѕвонко Цветковски, кажа дека и неговите синови биле повредени во тепачката.

Цветковски негира дека тие го сториле делото, односно дека сведоците не дале точни информации и дека тој нема намера да влијае на истрагата.
„Тие учествувале, но не го направиле делото што е направено. Биле нападнати, моето дете и денеска беше во болница“ изјави Цветковски.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1