Таткото на Кејт Хадсон се одрече од неа и од брат и: Тие за мене се мртви


Бил Хадсон (65), татко на актерката Кејт Хадсон (36) и на Оливер Хадсон (38), јавно се одрекол од своите деца и изјавил дека не ги сака во својот живот.

Пејачот и актерот, кој Кејт и Оливер ги добил во бракот со актерката Голди Хон, бурно изреагирал на нивните објави на социјалните мрежи по повод Денот на таткото кој се одбележа минатата недела.Kejt Hadson

Кејт и Оливер се во лоши односи со својот биолошки татко, кој ја напуштил нивната мајка во 1980 година. Голди по три години ја започнала врската со својот колега Курт Расел, кој нејзините деца го прифатиле како свој татко.

На неодамнешниот Ден на татковците, Оливер на својот профил на Инстаграм објави заедничка фотографија со својата татко и со својата ќерка и напишал коментар: „Среќен ден на напуштањето“.

Потоа објавил фотографија со својот очув Курт Расел на кој му порачал: „Среќен ден на татковците, тато“.goldie-hawn-kate-hudson-article

Слична порака објави и неговата сестра Кејт, а тоа многу го разбеснио Бил.

– Никогаш повеќе не сакам да ги видам своите најстари деца. Готово е. Имам пет деца вклучувајќи ги и трите од другите врски, но сега се сметам за татко на само три деца. Оливер и Кејт веќе не ги препознавам како свои деца. Сакам да ги замолам да престанат да го користам презимето Хадсон. Тие повеќе не се дел од мојот живот. Во својата објава на Инстаграм  Оливер беше злобен и неговиот напад беше малициозен. Тој за мене е мртов, како и Кејт – порачал тој во изјава за „Дејли меил“.

Тој додал дека од својот дом ги исфрлил сите фотографии од Оливер и Кејт.

– Таа сака да му биде ќерка на Курт. Тогаш нека го земе неговото презиме и нека престане да го користи моето – порачал Бил Хадсон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1