Шахин Омерагиќ, таткото на Енес Омерагиќ, кој пред два дена во Раљовац кај Сараево убил двајца војници од БиХ, па потоа сам се разнел со бомба, рекол дека повеќе жали за војниците, отколку за синот, пренесува Telegraf.rs.
“Енес живееше на приземје четири години, не бевме скарани, но не контактиравме посебно”, рекол таткото, кој потоа зборувал за медиумските пишувања дека неговиот зет е припадник на селефијското движење.
“Зетот не доаѓаше, ниту му дозволував да доаѓа бидејќи носеше брада. Не знам, сè слушнав од медиумите. Не контактирам со ќерка ми. Се дружеше со син ми”, признал потресениот татко, и додал дека неговиот син не пиел алкохол, но негирал дека некаде бил, освен тоа што кратко време минал во зеничкиот затвор.
“Не знам дали се дружел со вехабии, но знам дека зет ми се дружеше”, рекол Шахин.
“Се чувствувам ужасно. Не бидејќи ми е син, повеќе ми е жал за војниците”, рекол таткото и додал дека нема да оди на погребот.