Сведоци сме на секојдневните припреми за тргнување на училиште на крајот на август, но Санди Салкиќ од Бихач, нема можност да се радува на тоа, иако има огромна желба.
Неговите услови за живот се премногу лоши, а тој има само една желба, тоа е приборот за на училиште.
Родителите на Санди, и покрај големата желба, не можат да му ја исполнат.
Медиумите во БиХ почнаа мини кампања за да му помогнат на ова дете.
Да се надеваме дека Санди првиот училишен ден ќе го дочека во училишната клупа, со новиот прибор и другарите.