Вчера во Загреб на 87-годишна возраст почина големиот хрватски и југословенски актер Реља Башиќ.
Башиќ е роден во 1930 година во Загреб. Кариерата ја започнал во драмскиот ансамбл на ХНК во 1955, но во 1968 станува самостоен уметник и игра на повеќе театарски сцени.
Реља Башиќ е еден од плејадата успешни и популарни југословенски глумци, а на повозрасната публика и е познат по бројни филмски улоги. Најпозната е неговата ролја во филмот ,,Кој пее, зло не мисли“, како господин Фулир.
Во својата кариера Реља Башиќ играл во 3700 театарски претстави, а глумел во над 56 домашни и странски филмови.