Легендарниот актер Бата Живоиновиќ почина синоќа во болницата Свети Сава во Белград.
Актерот почина на 82-годишна возраст.
Неколку години беше во тешка здравствена состојба. Пред 4 години доживеа тежок мозочен удар. Цела година лежеше во Специјална болница за лечење на болеста.
Српскиот актер во 2006-та доживеал срцев удар, а боледуваше и од гангрена која ја лечеше во Куба.
Глумеше во повеќе од 280 филмови и телевизиски серии.
Снимаше и филмови во кои ги играше главните улоги на просторите на поранешните Југословенски републики.
ПОЧИВАЈ ВО МИР ЛЕГЕНДО