Педесет и шест годишниот хрватски новинар Синиша Свилан пред два дена изненадно почина на своето работно место.
Несреќата се случила околу 13 часот, а најверојатно станува збор за откажување на срце. Имено тој изненадно се срушил на подот и колегите веднаш притрчале да му помогнат, но се било залудно.
Екипата на Брзата помош која набргу дошла, повеќе од половина час се обиувала да го реанимира, но без резултати.