ТАЖНА ВЕСТ: Утрово почина познатиот македонски новинар и водител


Водителот кој беше препознатлив по својата насмевка и по неговиот ведар дух, човекот со чии прилози пораснаа голем број генерации во првите години од осамостојувањето на Македонија, големиот Реџеп Пампур, починал утрово во својот дом, во сон.pampur

Публиката го познаваше како радио и телевизиски водител, посебно од познатата емисија „Пулсирања“ на јавниот сервис. Секогаш знаеше добро да се шегува, а многупати со своите досетливи прашања успеваше да ги изненади и одушеви неговите соговорници. Обичните македонски граѓани беа лицата со кои тој најмногу комуницираше, поради што и беше многу почитуван и сакан од домашната публика.

Водителот кој беше препознатлив по својата насмевка и по неговиот ведар дух, човекот со чии прилози пораснаа голем број генерации во првите години од осамостојувањето на Македонија, Реџеп Пампур, почина утрово во својот дом, во сон.

Пампур пред шест години доживеа тешка сообраќајна несреќа со својот мотоцикл, извршувајќи ја својата репортеска работа. Од тогаш мина низ долг процес на опоравување и рехабилитација.

По несреќата, Пампур се повлече од јавноста и беше во друштво претежно со неговите пријатели и роднини. Активен на социјалните мрежи, при што многу често најавуваше дека ќе им се врати на телевизијата и на радиото откако ќе се закрепне и откако ќе застане на нозе.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1