Тажни животни стории: Кристијан останал без мајка, Даниел бил кум, Сеад славел роденден


Четворица млади починаа, а една девојка се бори за живот. Нивните семејства завиени во црно раскажуваат информации кои трагедијата ја прават уште поголема.

Жртвите се Даниел Доминиковиќ (22) , Кристијан Фазлија (20), неговата девојка Исидора Демири (19) и нивниот роднина Сеад Круези (20).tragedijA

Кристијан и Исадора биле во долга 4-годишна врска. Нивната љубов наскоро планирале да ја крунисаат со брак. По свадбата планирале да отворат пет-шоп. Заедно и во прегратка заминаа во смрт. Трагедијата да биде уште поголема, мајка му на Кристијан починала пред неколку месеци.

Семејната приказна на Даниел е тажна сторија. Неговиот брат пред две години се удави во Дунав на своја 13-годишна возраст. Даниел живеел и работел во Германија од каде се вратил за да биде кум на свадбата, каде сите загинати биле на кобната вечер. Го убедувале на не троши пари и да не патува долго, но тој им рекол „Кумството не се одбива“!

Починатите Кристијан и Сеад биле братучеди. Живееле на иста улица куќа до куќа. Соседите велат дека таква трагедија и голема болка немаат почувствувано никогаш. Не знаат кого да утешат попрво.

Сите починати биле блиски пријатели. Постојано се дружеле и биле заедно. Иако Даниел живеел далеку, постојано биле во контакт со него. Сега заедно заминаа и во смрт.

Петтата девојка која беше со нив во автомобилот, преживеа, но тешко е повредена. Докторите со сета сила се обидуваат да и го спасат животот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1