Тажно: Рударот го пронашле на роденденот на неговиот син


Не можете ниту да замислите како се чувствувам и низ што минувам…Најтажно ми е што телото на Жељко е пронајдено на роденденот на нашиот син Љубиша. Детето за роденден имаше само една желба, а тоа е да го види таткото. Сега постојано повторува “Татко врати ми се“.

Ова го изјавила Вера Лазиќ, сопруга на рударот Жељко Милетиќ (36) од Свилјанац чие тело во ноќта меѓу неделата и понеделникот е пронајдено во јамата „Стрмостен“ во Ресавица. Жељко настрада на 23 септември и од тогаш почна потрагата по него.rudar-620x396

-Телото е пронајдено во делот од јамата каде имаше голем одрон. Го најдовме на четири метри од последниот дел од откопот. Прво му го пронајдовме шлемот и лампата, а потоа ја видовме раката под големиот товар. Кога го откопавме видовме дека на него немаше видливи траги од повреди, па претпоставуваме дека се задушил, вели еден од рударите спасители кои со денови го бараа затрупаниот колега.

Вчера пред влезот во јамата беа родителите на Жељко, братот и снаата, а бидејќи доживаја голем шок, има давале седативи да се смират. Таткото на Жељко во еден момент тргна кон влезот во рудникот каде залепи некролог.

Освен членовите од семејството, пред местото на трагедијата вчера беше и јавен обвинител и претставници на раководството на рудникот. Според надлежните од рудникот до несреќата дошло кога поради непогода се урнал дел од јамата, и паднала врз несреќниот рудар. Извештајот за несреќата напишан од страна на рударски инспектор ќе биде предадена на обвинителството.

Жељко Милетиќ зад себе ја остави невенчаната сопруга и три малолетни деца. Погребот е утре на гробиштата во Ломница кај Деспотовац.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1