Тече рокот за тужби на партиите до Управниот суд


Тече 24-часовниот рок за тужби по решенијата на Државната изборна комисија (ДИК). Според најавите, се очекуваше синоќа правната служба на ДИК да ги изготви и да им ги достави на партиите и коалициите решенијата за 13-те приговори на Беса и СДСМ за кои веќе донесе одлука.upraven sudv

ДИК денеска ќе одлучува за последниот приговор на Коалицијата предводена од СДСМ воедно и последен за изборниот процес за предвремените парламентарни избори.

Управниот суд, пак, има рок од 48 часа по примањето на тужбите да одлучува по нив. Одлуката треба во рок од 24 часа треба да ја објави на веб-страната.

По тужбите Управниот суд одлучува во совет од петмина судии избрани по пат на ждрепка, на јавна седница за која ја информира јавноста и овластените претставници по чии тужби се одлучува. Објавените одлуки на веб-страната на ДИК, како што е наведено во Роковникот на Комисијата, ќе го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно.

Седницата на ДИК започна пред два дена така што предвидените рокови во Роковникот за изборите се пролонгирани. Според тоа, конечните резултати би можело да бидат објавени најдоцна на 21 декември, откако ќе бидат познати одлуките на Управниот суд, и доколку нема прегласување на некое избирачко место. Доколку има прегласување, тоа треба да се одржи на 25 декември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1