Текстилниот кластер се извини за вербалниот напад врз новинарот Петрески


Текстилниот кластер Македонија упати јавно извинување за вербалниот напад на членот на Управниот одбор на Кластерот за текстил Сашко Станоевски кон новинарот на Телевизијата Алсат – М, Иле Петрески вчера на прес-конференција.

– Почитуван г-ин Иле Петрески, Ви се извинуваме во името на Текстилниот кластер за немилиот настан кој што се случи на вчерашната прес-конференција и молиме тој да не ги наруши добрите релации со вас како новинар и медиумската куќа Алсат – М, која во целиот овој период коректно не поддржува. Се оградуваме од испадите на нашите колеги, но воедно бараме да го разберете неговото однесување предизвикано од целокупните случувања кои што нанесуваат штета на текстилната индустрија. Секако ова не го оправдува неговото однесување и затоа уште еднаш јавно се извинуваме со надеж за добра и плодна идна соработка -се наведува во извинувањето.

Осуда за вербалниот напад кон новинарот Петрески денеска упати и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, од каде побараа текстилниот Кластер да се извини за однесувањето на Станоевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1