„Телефонски именик на Хитлер“ продаден за 33.000 фунти


Телефонски именик, за кој се верува дека му припаѓал на Адолф Хитлер, е продаден на аукција во Велика Британија за 33.000 фунти, што е двојно повисока цена од очекуваната.

Именикот е пронајден во канцеларијата на Хитлер пред крајот на Втората светска војна и во него рачно се напишани имоњата и телефонските броеби на над 200 лица, меѓу кои се и Хајнрих Химлер, Јозеф Гебелс, Рудолф Хес, Херман Геринг, Алберт Борман и Рајнхард Хајдрих.

Почетната цена на аукцијата на именикот беше 15.000 фунти.

– Ова е уникатен дел од историјата, кој на историчарите и колекционерите им дава пристап до информации за највисоките нивоа на еден од најопасните режими во модерната историја. Бираш лош човек и тој е тука. Единствена личност што ја нема во именикот е Адолф Хитлер, рече претставникот на аукциската куќа Ендру Олдриџ.

Тој појасни дека не може со сигурност да потврди на кого му припаѓал именикот, но дека е очигледно оти тој бил сопственост на некој висок нацистички функционер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1