Телепатијата е возможна – направиле да се комуницира на далечина


Научници преку електрични сензоди ги поврзале мозоците на два стаорци, овозможувајќи им на тој начин директно да разменуваат мислите, на начин на кој што првиот го имитирал однесувањето на другиот. Потоа ваквиот експеримент бил применет на начин што експрименталните стаорци се наоѓаат на оддалеченост од илјадници милји одалеченост. Едниот се наоѓал во лабораторија во Бразил додека другиот се наоѓал во САД. Резултатите од ова истражување се објавени во специјализираниот магазин Scientific Reports.


53390_relИстражувачите велат дека ова е прв пример на „меѓумозочен интерфејс“ што наведува дека еден ден најверојтно ќе биде можно за луѓето и животните да ги читаат умовите еден на друг.
При еден експеримент, научниците од универзитетот Дјук тренирале еден стаорец кој требал да ја игра ролјата на испраќач на мислите да ја притисне вистинската рачка секогаш кога ќе се запали црвена светилка. Секое успешно движење било наградувано со вода. Стаорците на кои им била наменета улогата на примачи на мислите, биле тренирани да ја притиснат вистинската рачка секогаш кој научниците преку имплатанти им ги стимулирале мозоците со струја.
По обуката, научниците ги споиле мозоците на стаорците директно со помош на микроелектроди сто пати потенки од човечко влакно и други тенки жици. Со тоа обезбедиле активноста на мозоците на стаорците, кои ги притискале рачките по појавата на црвената светлина, да се пренесуваат директно во мозокот на седум стаорци примачи на мислите.
„Остварувањето на комуникацијата меѓу мозоците на приматите поставува низа етички проблеми. Луѓето со право стануваа нервозни кога читаат за ставање предмети во мозоците на животните и менувањето на нивното однесување преку нив. Со таква иднина војната со беспилотните летала изгледа застарена како и војната со мускети“, вели за Reuters научник кој барал да остане анонимен кој предупредува на можноста од создавање армии од животни или луѓе со чиишто мозоци ќе се управува од далечина.

Contacts and sources:
Duke University Medical Center

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1