Телевизијата 1 ТВ сама си побара да оди во стечај


Поднесен е предлог за отварање стечајна постапка на телевизијата 1ТВ, дознава ПресингТВ. Предлогот бил поднесен на 13- ти овој месец, а за информацијата ја потврдија и од Основен граѓански суд.

Во врска со Вашето прашање Ве известуваме дека на ден 13.09.2019 година,
поднесен е предлог за отварање стечајна постапка заведен под наш
СТ-199/19. Предлогот е поднесен од страна должникот

Инаку, телевизијата на првоoсомничениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски, пред две недели престана да емитува програма, со што се соочува и со одземање на дозволата, доколку не го продолжи емитувањето во наредните 30 дена.

Вработените во медиумот кон крајот на јули заминаа на колективен одмор откако Јовановски беше уапсен, но по кратко време се вратија во обид да ја спасат телевизијата. Неофицијално, големите долгови и неможноста да се покријат дури ни режиските трошоци се причината медиумот да престане да емитува програма.

Кабловската телевизија 1ТВ, чиј челник и неформален сопственик беше Боки13, а формална фирма БЈМ медиа група на неговиот татко Миле и Јасна Мандиќ, почна да работи во март 2018.

Pressingtv.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1