Телевизијата „Алфа“ си ја платила дозволата за работа – Сител 3 остана без дозвола за емитување


Агенцијата за медиуми ја запре постапката за одземање на дозволата за работа за телевизијата „Алфа“ откако телевизијата го платила долгот од 3,5 милиони денари.

Советот на Агенцијата е должен да почне постапка за одземање на дозволата на секој радиодифузер што нема да ја плати фактурата за радио или телевизиско емитување во рок од 30 дена од денот на добивањето. Кога ќе се почне постапката, на радиодифузерите им се дава рок од 15 дена да ги намират обврските.

На седницата одржана минатата седмица Советот донесе пет решенија за запирање на поведените постапки за одземање дозвола за телевизиско и радиоемитување на ТРД Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип, ТРД Радио Фама ДОО Тетово, ТРД Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје, ТРД Лалг радио ДООЕЛ Скопје и ТРД ТВ Скопје ДОО Скопје.

Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги (ААВМУ) донесе одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на телевизијата Сител 3.

Одлуката е донесена поради неплатен годишен надоместок за дозвола за телевизиско емитување во законски утврдениот рок.

„Трговското радиодифузно друштво Телевизија СИТЕЛ 3 ДООЕЛ Скопје, е имател на дозвола за телевизиско емитување од 5 јануари 2015 година, за емитување преку сателит, на државно ниво, на територија на Република Македонија, телевизиски програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик“, пишува во образложението од Агенцијата.

Одлуката е конечна и Сител 3 има рок од 30 дена да поднесе жалба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1