Хеликоптер на телевизија од Сиетл се урна во центарот на градот, во близина на знаменитоста на градот – кулата „Спејс нидл“. Во несреќата загинале две лица. Пилотот и фотограф кој од неодамна бил во пензија и хонорарно одвреме навреме работел за телевизијата.
Повредени се и луѓе на земја во кој удрил хеликоптерот. 37 годишен маж, бил изваден од автомобил што бил удрен од хеликоптерот, во тешка состојба е префрлен во болница.
Хеликоптерот бил испратен на задача од телевизија која е соработник на ABC News – KOMO. Хеликоптерот полетувал од покривот на зградата и закачил во неа по што се урнал директно на земја и удрил во автомобилите по што се вивнал во пламен.
Според локалните медиуми, најмалку три автомобили биле запалени.
т