Телевизор падна од бината и повреди жена на митинг во Шутка


На вечерашниот митинг на Елвис Бајрам во Шуто Оризари дошло до инцидент при кој е повредена жена,дознава Press24.

policijaТелевизор паднал од бината и повредил жена на вечерашнмиот митинг на Елвис бајрам во Шуто Оризари, дознава Press24. Повредената е итно пренесена за укажување лекарска помош во Градска болницасо повреди на главата.

Според полициски извори, причина за несреќата е силниот ветер.

Вечерва во Шутка на митингот на актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат кој инаклу е и син на Амди Бајрам се очекуваше настапот на српската фолк ѕвезда Сека Алексич.

Посериозен инцидент во оваа општина се случи и вчера по митингот на Шабан Салиу и Нежден Мустафа. Носителот на листата и уште двајца партиски активисти биле претепани пред затворот Шутка. Полицијата работи на расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1