Руската полиција трага по убиецот , кој брутално јас уби младата и атрактивна докторка Екатерина Карагланова, чие тело било најдено со пресечен врат и ставено во торба во нејзиниот изнајмен стан.
Познатата руска докторка , која популарноста ја стекна на социјалните мреѓи и на Инстаграм има над 86 000 следбеници , е најдена мртва со повреди од остар предмет и ставена во кофер во станот што го изнајмила.Изчезнувањето на 24- годишната Карагланова го пријавиле членовите на нејзиното семејство , откако неколку дена не одговарала на телефонските повици.
Покрај тоа што својата кариера ја изгради на социјалните медиуми, атрактивната Карагланова неодамна дипломираше медицина во Москва и стана доктор. Таа почнала и да стажира на Одделот за дерматологија и венерологија и на Одделот за онкологија во московска болница, напишала младата докторка на Инстаграм.
Полицијата го испитува убиството и засега има претпоставка дека мотивот е љубомора.
Полицијата со делото го поврза Максим Гареејев (33).
Имено Екатерина работела како ескорт дама за да ги плати студиите на медцина. На интернет постојат многу нејзини фотографии до експлицитна содржина. Постојат наводи дека и пристигнувале и закани за фотографиите, но никогаш ништо не пријавила.
Кобниот ден во нејзиниот стан се појавил Гарејов, а камерите го симиле.
Кога дознал дека таа се подготвува да замине за Холандија со постар маж, неколку пати ја прободел во гардите, потоа сакал да ја стави в куфер и да се ослободи од телото, но куфетот бил пре мал, па затоа го оставил во станот.
Тој тврди дека Екатерина ја видел и на сајтови кои нудат сексуални услуги, но како што вели не можеле да се договорат за цната. Таа мметала дека понудил прениска цена.
„Ме навреди, го уништи моето секусално достоинство и се смееше на моите финансиски способности. Не можев да го поднесам оа, па ја избодев најмалку пет пати во градите и вратот. Се каам и ќе соработувам со властите“ рекол тој.
Потсетуваме дека откако Екатерина не одговарала на повиците, нехјзините родители се јавиле на соседите да проверат дали е таа во станот, а таму го пронашле нејзиното мртво тело спакувано во куфер.
Карагланова неодамна влезе во нова врска и планирала одмор во Холандија каде требало да го прослави роденденот на 30 јули. Родителите биле загрижени , откако не успеале да контактираат со неа за патувањето. На крајот, тие го повикале сопственикот на станот и го замолиле да влезе. Тој пронашол куфер во нејзината соба со нејзиното тело во него.
Карагланова редовно објавуваше фотографии на Инстаграм, претежно од патувања. Следбениците ја споредуваа со филмската sвезда Одри Хепберн.
Таа ја објави последната фотографија од островот Крф, Грција, каде напишала дека „сака многу да патува, но не поминува повеќе од три до пет дена во секоја земја“. Покрај Инстаграм, во Русија бил популарен и нејзиниот блог за патувања.