Телото на Дениса се враќа дома на трошок на државата


Телото на 23 годишната Дениса Марковска ќе го транспортира грчка погребална компанија најдоцна до понеделник. Трошоците ги покрива Министерството за надворешни работи, а телото ќе оди на обдукција во судска медицина во Скопје, објави Алфа ТВ.denisa-1-500

Информациите за Алфа ги потврди семејството и МНР.

Незадоволни од досегашната истрага што се води во Грција, родителите на девојката планираат приватна тужба против руската компанија и капетанот на бродот „Серенисима“. Токму заради тоа семејството очекува од македонските власти да им помогне да ги добијат сите документи и наоди од крајбрежна стража со кои би ја поткрепиле тужбата.

Истрагата во обвинителството на Крит се уште трае. Две паралелни истраги не можат да се водат и покрај тоа што се работи за македонски државјанин, вели за Алфа државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

„Немам причина да се сомневам во исправноста на постапката“-е ставот на обвинителот. Дека нешто се презема во грчкото обвинителство со случајот Дениса на Зврлевски му е доволно тоа што бил побаран примерок за ДНК анализа.

Причините за смртта на прилепчанката која исчезна од бродот на кој работела и чие тело беше пронајдено во морските води и натаму се барем официјално непознати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1