Во врска со случајот објавен во вчерашниот извадок од дневни настани во кој известивме дека на 03.03.2019 околу 23:30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и по извршениот преглед, се огласи министерството за здравство.
Било констатирано дека претходно се породила, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување.
Од полицијата известуваат дека е направен увид од страна на полициски службеници и јавен обвинител и пронајдено е починато тело на новороденче.
По наредба на Јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција.
Земени се примероци од крв за анализа од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска.
По насоки на јавниот обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.