Телото на рускиот пилот, убиен кога турски ловци минатата недела соборија руски воен авиот, доцна синоќа е пренесено во Турција и ќе и биде предадено на Русија на барање на официјална Москва, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Тој додал дека телото на Олег Пешков притигнало во Турција два часа по полноќ.
-Телото во моментов се наоѓа во градот Хатај на југот од Турција и со него се постапува во согласност во православните обичаи, вели Давутоглу.
Од руската амбасада во Анкара е најавено дека денес телото од Хатај ќе биде пренесено на аеродромот во Анкара, каде ќе биде пречекано до рускиот амбасадор во Турција, а потоа ќе бде пратено за Русија.