Телото на планинарот Петков донесено во Гевгелија


Телото на починатиот доктор Георге Петков по дест дена од неговата смрт на Хималаите, беше донесено во Гевгелија, јави дописникот на МИА. Петков почина на 20 мај во обид да го искачи највисокиот врв во светот Монт Еверест, како член на меѓународната експедиција „Еверест 2018“.

Според информацијата од директорот на Гевгелиската општа болница, доктор Митко Крџев, во 12 часот ќе биде одржана комеморативна седница во болницата, а погребот по желба на најблиските ќе се изврши попладне во 16 часот на гробиштата во неговото родно Стојаково.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1