Телото на Сашко Коцев в петок ќе биде донесено од Шпанија


Телото на Сашко Коцев, 33-годишен штипјанец, кој на 13 овој месец несреќно го загуби животот во градот Кастело дела Плана, во регионот Валенсија, се очекува да биде транспортирано од Шпанија во Штип во петок, објави „Утрински весник“. Такви најави доаѓаат од локалната самоуправа која организира акција за собирање средства за да се изврши транспортот на покојниот млад штипјанец чие семејство живее во урбаната заедница Ново Село.kamion

 

За да се изврши транспортот на телото на Коцев се потребни 4.500 евра. До овој момент, според информациите која ни ја даде Драган Ристов, портпарол на штипскиот градоначалник се собрани околу 1.600, а 2.000 евра биле подготвени да дадат блиски роднини на загинатото момче. По 500 евра донираа Општина Штип и Министерството за труд и социјална политика, по 320 евра Здружението на пензионери и една приватна фирма. Ристов вели дека акцијата за помош на семејството Коцеви ќе трае и понатаму, но додава дека со помош на нашата амбасада во Шпанија веќе било договорено телото в петок да се транспортира во Македонија.

Според единствената досега позната верзија за овој настан, Сашко Коцев со шлепер, кој го возел негов пријател заминал за Шпанија, каде што работела неговата сестра. Камионот застанал на паркинг во близина на градот Кастело дела Плана, а Коцев излегол, но бил зад шлеперот на место од каде што возачот не можел да го види во ретровизорот, па движејќи се наназад бил прегазен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1