Телото на убиениот етнички Грк во Албанија предадено на семејството


Телото на Константинос Кацифас, етнички Грк од Албанија, кој пред 11 дена беше убиен во престрелка со припадници на албанската специјална полициска единица „Ренеа“, е предадено на неговото семејство.

Телото на 35-годишниот Кацифас, кој имал и грчко државјанство, е подигнато доцна синоќа од мртовечницата во Универзитеската клиника „Мајка Тереза“ во Тирана, каде беше извршена темелна екпертиза по барање на неговите родителите, кои не веруваа во наодите од обдукцијата извршена во болницата во Ѓирокастро.

Погребот ќе биде извршен утре во неговото родно село Буларат, кај јужниот албански град Ѓирокастро, во близина на албанско-грчката граница.

На погребот се очекува да присуствуваат повеќе илјади лица, припадници на грчкото малцинство во Албанија, кои живеат главно на југот на земјата, но најавено е пристигнување и на голем број Грци од Грција.

Поглаварот на Албанската православна афтокефална црква, Анастас Јанулатос, упати порака погребот на Кацифас да се изврши достоинствено, според верските традиции.

– Сите души нека го најдат својот мир. Неодговорната врева треба да запре и нештата да бидат разгледани со објективност и меѓусебно почитување, порача архиепископот Јанулатос.

Пораката следува по најавите дека погребот може да прерасне во протест. Од безбедносни причини се очекува соодветни мерки да превземе и албанската полиција.

Убиството на Кацифас предизвика тензии во грчко-албанските односи, па грчкиот заменик министер за надворешни работи се закани дека и преговорите меѓу двете земји кои се водат за повеќе прашања ќе зависат од истрагата околу настанот во Буларат.

По барање на грчката страна, поради фактот што убиениот е и државјанин на Албанија, во Тирана допатува и делегација на грчкото Министерство за внатрешни работи, со цел да се запознае со околностите во кои се случило убиството, а претходно и полициски екпсерт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1