УХМР соопшти дека продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Во поголем дел од Македонија максималната температура ќе биде над 35, а на некои места долж Повардарието ќе надмине и 40 степени.
Особено топло ќе биде утре кога максималната температура во најтоплите региони ќе достигне до 42 степена, а УВ индексот вредност 9.
Според прогнозираните температури, денеска подрачјето на Македонија ќе биде во жолта, а утре северновардарскиот и охридско-преспанскиот регион во портокалова фаза.