Тепачка меѓу стјуардеси – авионот морал принудно да слета


Авион на Делта Ерлајнс моал присилно да слета откако две стјуардеси се степале и тоа по само 40-тина минути по полетувањето.

Авиокомпанијата соопштила дека до тепачката дошло заради расправа „од работна тематика“.tepacka-zeni6

Во тепачката се вклучило и трето лице кое се обидело да ги смири стјуардесите, но и тоа добило „удар во лицето“.

Авионот летал од Лос Анџелес до Минеаполис, а капетанот слетал во Солт Лејк Сити, каде според кажувања на патниците сите три стјуардеси биле истерани од авионот заради недолично однесување.

Авионот доцнел повеќе од еден час додека биле најдени нови стјуардеси за летот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1