Еден ученик од македонска националност и тројца ученици од албанска националност се степале утрово во дворот на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје.
Причината за тепачката сè уште е непозната.
Полицијата ги известила родителите на малолетниците за настанот во кој учествувале нивните деца.
Се работи на целосно расветлување на случајот и причините поради кои дошло до недоразбирањето, пишува МКД.МК