На 14.10.2014 година, околу 17,00 часот, во Скопје на ул. „Антон Попов“ во с.Сингелиќ, поради ископ на канал и поставување на канализација настанала тепачка помеѓу Б.А.(30), Н.А.(61) и С.А.(57) од една страна и од друга страна И.А.(39) и Д.А.(56), при што сите се здобиле со видливи повреди.
На лице место присуствувал униформираниот полициски службеник кој не бил на работа, а истиот за да ја спречи тепачката од својот службен пиштол испукал еден куршум во воздух.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. За настанот е известен Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди.