Тепачка за куќата на Милошевиќ: Албанците лути на Чазим што сака да ја купи, бесна и Мира Марковиќ


Мирјана Марковиќ, сопругата на покојниот претседател на Сојузната република Југославија, Слободан Милошевиќ, збеснала кога дознала дека социјалистот Милутин Мркоњиќ во нејзината куќа го довел албанскиот бизнисмен Чазим Османи, кој сакал да ја купи куќата за 3,5 милиони евра.mirjana-markovic-slobodan-milosevic-milutin-mrkonjic-cazim-osmani-vila-kuca-1426032043-624398-650x396

Вдовицата на Милошевиќ, уште во минатото на пик го имала Мркоњиќ и многу се изнервирала што тој се вмешува во продажбата на куќата и уште повеќе што ја понудил на Албанец. Таа е свесна дека тој од Османи сака да излече пари за просредување.

Албански бизнисмен, кој сака да се всели во куќата на поранешниот претседател на Дедиње, вели дека поради неговата одлука се кренала голема прашина на Косово.Имено откако Курир.рс ја објави есклузиванта вест дека Чазим Османи ја разгледувал куќата на Слободан Милошевиќ, настанот стана топ тема на медиумите на Косово.

„Колкава прашина се крена околу оваа сторија за купувањето на куќата. На Косово тоа е главна вест и многумина од нив ме осудуваат. Дури се говори дека ниту мртви на би влегле во таа куќа. Луѓето говорат дека ниту Србите не го сакаат Милошевиќ и неговото семејство, а камоли Абланците.“, рече Чазим, откако рекацијата на неговите соработници беше толку лоша што го разниша неговото мислење околу купувањето на куќата.

Инаку Османи пред неколку дена раскажа за Курир дека тој е само заинтересиран за купување на некоја луксузна недвижнина во Белград бидејќи е заинтересиран за живеење во градот во кој буквално се му се допаѓа. Разгледал неколку недвижности но посебно му се допадна куќата на поранешниот претседател. Мислел без предрасуда да пристапи на купување на куќата но сега поради лошата реакција на јавноста најверојатно ќе го промени своето мислење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1