Тепањето се уште актуелен метод за воспитување на децата


Физичкото казнување како метод за воспитување на децата се уште се применува во Македонија. Поголем број од родителите веруваат дека во воспитувањето на децата е потребно казнување, покажуваат податоците од најновото Меѓународно истражување за состојбата на децата и на жените – МИКС.

siluvanoНа национално ниво, кај 52 проценти од децата е применувано физичкото казнување како мерка за воспитување. Каков било насилен метод на дисциплинирање е применет кај 73 проценти од децата на возраст од 5 до 9 години, 69 проценти кај децата на возраст од 2 до 4 години и 66 проценти кај децата од 10 до 14 години.

Меѓународното истражување за состојбата на жените и децата се спроведува на секои пет години. Македонија беше една од 59 земји опфатени со истражувањето, а добиените наоди помагаат во креирањето на идните политики од социјалната сфера.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1