Состојбата на повредените во синоќешната тепачка во градскиот автобус 65 е стабилна, потврдуваат докторите.
За среќа без тешка повреда поминало и 15 годишното девојче, кое било удрено со шипка по главата. Таа со нејзиниот татко побарала помош во градската болница „Наум Охридски“ и веднаш била пуштена дома. Од МВР потврдија дека биле полесно повредени шест деца. Од полицијата велат дека се уште е во тек истрагата за напаѓачите.
Вчера на автобуската станица во населбата Ченто -10тина момчиња претежно малолетни влегле во автобусот и со метални и дрвени шипки ги нападнале патниците.