29 годишна Македонка, која Интерпол ја барал, утрово е уапсена во близина на Кукуш за криминално дело од 2010-та. Македонските власти тогаш распишале меѓународна „црвена“ потерница по девојката која е обвинета за сексуална злоупотреба на 2 малолетни девојчиња, а во целиот случај, тогаш вклучено било и уште едно лице, пишува Канал5.
Грчката полиција ја уапсила во село во кукушко, по што произлегло дека за 29 годишната е издадена и пресуда од судот за прекршоци во Солун за издржување казна затвор од 3 месеци за прекршување на законот за странци.
Во септември годинава, грчката полиција уапси уште една жена по која македонското МВР имаше распишано потерница за злоупотреба на малолетни девојчиња. Но, тогаш, како што објави Канал 5, стануваше збор за 53 годишна Албанка која пред 2 години во еден македонски град незаконски во својот стан држела малолетни девојчиња, на кои им ветила дека ќе ги вработи во ноќниот клуб кој бил во нејзина сопственост, меѓутоа со употреба на сила и закани, ги злоупотребувала и ги терала на проституција.