Терористите го снимале грозоморното убиство на свештеникот во Руан


Двајцата терористи, кои утринава нападнаа црква во Сант Етиен ди Рувре, во близина на Руан, го снимале грозоморното убиство на 86-годишниот свештеник, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Според полициски извори, ова го пишува весникот Фигаро, наведувајќи дека терористите при убиството на свештеникот имале апарат за снимање. Во заложничката драма беа поврдени и три други лица, од кои едно е во животна опасност.ll-3

Католичката сестра, која успеала да побегне од црквата во текот ан заложничката драма, за телевизијата БФМ ТВ потврди дека терористите го снимале тоа што го правеле.

Калуѓерката ја опишала сцената на убиството, што ги има сите елементи на убиствата што на социјалните мрежи ги лиферува терористичката организација Исламска држава.

-Отецот Жак Хамел беше на колена и еден од џелатите рече нешто како проповед на арапски јазик, изјави таа.

Во рамки на истрагата полицијата веќе изврши два претреса и едно лице е уапсено, а засега не е даден профилот на уапсеното лице. Истовремено продолжува идентификацијата на двајцата убиени напаѓачи, кои претседателот Франсоа Оланд, ги посочи како припадници на терористичката организација Исламска држава.

Исламска држава веднаш ја презеде одговорноста за овој најнов напад во Европа.

Двајцата терористи беа убиени од полицијата.

Според француските медиуми, едниот од нив се обидел да замине во Сирија во 2015 година, и успеал во тоа. По враќањето бил обвинет за здружување во злосторничка група со терористички намери, по што бил затворен. По ослободувањето од затвор, тој морал да носи електронска нараквица за контрола.

По денешниот напад во Нормандија претседателот Франсоа Оланд најави дека утре ќе го свика Советот за одбрана и безбедност во Елисејската палата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1