Во Сирија за првпат две жени се обезглавени од џихадисти од групата „Исламска држава“, откако се обвинети за вештерство, соопшти денеска Сирискиот центар за набљудување на човековите права.
Двете жени се егзекутирани со обезглавување во источната сириска провинција Сеир аз Зур. Тоа е првиот документиран од Центарот случај на егзекузија на жени на овој начин во Сирија, изјави директорот на организацијата Рами Абдел Рахман.