Тешка сообраќајка се случи вчера вечер во скопски Аеродром помеѓу мотоцикл и автомобил марка „Ауди“, каде загина едно лице.
Покрај загинатиот 25-годишен мотоциклист, двете лица кои се превезувале во возилото се тешко повредени и се пренесени во скопските клиники.
Министерството за внатрешни работи ги соопшти деталите за тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи во скопски Аеродром. Официјално, едно лице го загуби животот, а две се повредени.
Несреќата се случила 22.05 часот на крстосница на бул.„Јане Сандански“ со сервисни улици, во близина на маркет.
Учествувале мотоцикл „хонда“, управуван од Д.А.(24) од Скопје и автомобил „ауди А3“, управувано од Д.В.Д.(20) од Холандија и сопатник С.З.(20) од Холандија, и двете со скопски регистарски ознаки.
-На местото на незгодата починал мотоциклистот, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош. Д.В.Д. и С.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.