Страотна сообраќајна несреќа се случи вчера околу 22 часот и 30 минути на булеварот Борис Трајковски во правец кон Драчево во близина на фабриката „Охис“. Најмалку две возила од сударот се тешко оштетени и сигурно има повредени.
на местото на несреќата имаше 2 амбулантни возила и противпожарно возило и екипа на МВР. Засега нема детали за несреќата ниту за евентуалните жртви. Од ударот едно од возилата беше целосно уништено, превртено на покривот, а моторот беше излезен од шасијата.
Противпожарни екипи веројатно го гаселе пожарот во кој беше ззафатен моторот. Друго возило беше забиено во ограда од стопански објект наспроти Охис.