Тешка сообраќајка на Партизанска кај Силбо – во автомобилот бил Богдан Илиевски


Тешка сообраќајна несреќа вчера вечерта се случила на булеварот Партизански одреди на раскрсницата кај Силбо. Во автомобилот кој бил удрен одзади бил Богдан Илиевски – Бетмен, еден од предводниците на инициајтивата За заедничка Македонија.

Тој утрово својата верзија за настанот ја објави на Facebook

Без многу драмење, вака стојат нештата:
-синоќа на пат за дома виа Силбо без во автомобилот (сребрениот мерцедес) на наш многу добар пријател, заедно со брат ми – јас седев на задно, брат ми на сувозачко седиште
-50 метра пред вртењето за Силбо од средна во десна лента, уредно со сигнализација и брзина по пропис (што е и нормално кога треба да вртиш), од позади со голема брзина не удира црн мерцедес, без свирење, без ништо. Шибал во трета лента, имал доволно време малку да не избегне и да не удри на ќошот на автомобилот. Слушнав само тресок, не ми беше јасно што се случува, се вртевме неколку пати и застана колата. Луѓе моментално дотрчаа на помош, излеговме прекачувајќи се преку вратите кои беа свртени нагоре.
-Сите помагаа, сите, со води, благо, нудеа брза помош итн итн, освен некоја мала шуга на која поважно и било на Српче кандидатот за градоначалник на Центар, директор на ПОЦ и сопственик на Центарњуз да му го подзамие праќајќи му слики кои он ќе ги објави само во контекст на сообраќајка, слика од мене и од две скршени коли, ќе напише „бетмен славеше за мандатот“, ќе ја постави перцепцијата дека јас сум сторил некое зло пошо нели Српче ме објавува, а сме од башка табори, сигурно нешо сум засрал, па ќе ликува на незгода и ќе овозможи масовно оргијашење на фејс се во рамките на нечовечките параметри кои ги поставија он и мактеловци, докази и слични дилајли.
-Ако бев и јас мала шуша ко нив, ќе го прогласев ова за обид за убиство. Фала богу ниту сум, ниту беше таков обид, дечкото не беше под дејство на алкохол, исто како и шоферот на нашата кола, но за жал јебига ни возачка дозвола ни 18 години имаше. Други описи се небитни, човек е човек, згрешил за среќа без последици (освен објавите на вакви мегаморонски постови „бетмен славеше мандат кекеке“.
Па види ја колата бе дечко, можевме многу лесно во семафор да влеземе и сеа да не е уопште смешно шо некој малолетник со црна мечка не зденал од позади со сто на саат, а тебе тоа ти е баш вицкасто и духовито пошо ти си славел мандат и мозокот не ти работел посабајлечки.
Не ми е јасно како колата во која бевме се намести на онаа позиција, меѓу семафор и стубчиња… како некој со рака да ја ставил таму. Имало Господ и Фала му на Бога.
Немам ни гребаница, нека не се секира никој.
А на ваквите ликувања над сообраќајки на неистомисленици, нека им суди Горниот. Човече боже, какви дегени има, еј. Која е бре оваа омраза, од каде е, како било кој може да ја заслужи и дали сте свесни што правите?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1