Тешка сообраќајка пред Свети Николе – еден загинат


Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа која утрово околу 10 часот се случила на магистралниот пат Куманово – Свети Николе пред влезот на Свети Николе.

nesrekja soobrakjajka policija patСпоред првичните информации, во сообраќајката загинал 56 годишниот Марјанче Д.. Во моторциклот кој тој го управувал удрил 49 годишниот Фадир С. управувајќи камион марка Мерцедес со штипски регистерски ознаки.

Од ударот, Марјанче починал на лице место.

Полицијата веднаш пристигнала на местото.

Информацијата и официјално ја потврдуваат од МВР од каде велат дека увидот се уште е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1