Во близина на Стопанска банка- Битола, предмалку се случи тешка сообраќајна несреќа во која што беше удрен пешак на возраст од околу 65 години. Во пешакот во близина на пешачкиот премин удри грчки државјанин со патничко моторно возило марка “Мерцедес“, пишува Битолски весник.
Пешакот веднаш беше транспортиран во Клиничката болница, а полицијата сеуште врши увид на местото на несреќата.