Сообраќајна несреќа се случи вчера околу 11 часот на булеварот Кузман Јосифовски-Питу кај стоковната куќа „Скопјанка“, кога еден мотоциклист со голема брзина удри во возач на велосипед, пренесува порталот Кирилица.
Велосипедистот го поминувал пешачкиот премин, а два автомобили застанале и го чекале да помине. Додека ја поминувал третата лента, во него со голема брзина удрил моторот, и го отфрлил неколку метри. Од падот и двајцата учесници во несреќата останале да лежат неколку минути на асфалтот, додека не пристигнало возило на Итната медицинска помош.