Компанијата „Спејс икс“ на Илон Маск, основач на производителот на електрични автомобили „Тесла“, ја лансира супер тешката ракета-носач „Фалкон хеви“ од вселенскиот центар Кенеди.
„Фалкон хеви“ е досега најголемата конструирана ракета со најмалку двапати повеќе носивост од другите слични ракети. Така на пример, таа може да подигне товар со тежина од 64 тони, додека руската Протон-М, која е во редовна употреба, има носивост од 23 тони.
Лансирањата на претходните ракети „Фалкон“, не беа секогаш успешни и вистински товар овојпат нема да има. Наместо тоа Маск во вселената ја испрати својота стара темно-црвена корвета „Тесла“.
Автомобилот ќе биде поставен на орбита која во елписа се протега од Сонцето до Марс. Американскиот печат соопшти дека музичкиот систем на автомобилот постојано ќе го репродуцира хитот на Дејвид Боуви „Спејс одити“.
– Автомобилот ќе се оддалечи од Земјата на околу 400 милиони километри и ќе лета со брзина од 11 километри во секунда, изјави Маск на брифинг за новинари.
Тој додаде дека според оценките, колата ќе се наоѓа на таа орбита неколку милиони години или можеби и повеќе од една милијарда години. На автомобилот на Маск се инсталирани три камери кои ќе праќаат, како што кажа тој, „епски“ снимки.
Во суштина, „Фалкон хеви“ е група од три споени ракети „Фалкон 9“ кои компанијата ги користи од поодамна. Ваква конфигурација од три ракети изискуваше повеќе модификации и зацврстување на централната ракета-носител.
Новина за оваа ракета е тоа дека двете помали ракети од првото ниво имаат способност да се вратат назад на Земјата и повторо да се искористат. Со тоа вкупната цена на чинење на „Фалкон хеви“ е многу помала од досегашните традиционални ракети.
Ракетата е составена од 27 двигатели кои се способни да создаваат влеча од 23,000 килоњутни. Како таква, оваа модификација од три ракети со 27 двигатели е навистина комплексна.
Советските инжинери, на пример, се обидуваа четири пати да лансираат ракета со пет нивоа и 30 двигатели, но ниту една не успеа да пристигне на орбитата.
Во врска со ова Елон Макс изјави дека ако се случат непредвидени работи „да се надеваме дека ракетата барем ќе одлета од стартната платформа, а не да експлодира на место. Тука имаме експлозиван материјал кој е еквивелантен на помалку од два милиони килограми ТНТ. Ако тоа чудо експлодира, тука нема ништо да остане“.
Покрај Елон Маск, и основачот на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, е заинтересиран да инвестира во ракети со голема носивост кои чинат релативно помалку од оние што во минатото ги конструираше државно финансирата агенција НАСА.
Безос разработува две ракети со голема носивост кои на орбитата можат да испратат товар со тежина од повеќе од 45 тони.