Тетовчанка ги пријави родителите за семејно насилство: И ја побарале платата па ја претепале


С.Џ.(24) од Тетово синоќа околу 22 часот пријавила дека нејзините родители извршиле семејно насилство врз неа.

Во наведеното време, во нејзината соба влегла мајка и и побарала да и ја даде целата плата.

Таа се спротивставила и тогаш мајка и почнала да ја влече за коса, а татко и неколку пати со тупаници ја удрил по главата и телото, нанесувајќи и видливи повреди.

Родителите М.Џ.(44) и М.Џ.(41) биле повикани во Полициската станица Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1