На 14.08.2016 година во 23:30 часот во полициската станица-Тетово, А.Ј. (33) пријавила противправно лишување од слобода извршено од нејзиниот поранешен сопруг А.С.(31) од Тетово.
Како што информираат од МВР, А.Ј. била пресретната од А.С. кој со употреба на физичка сила насилно ја внел во патничко возило „Голф“ и се упатил во село Лешок, а потоа заминале во село Варвара, каде ја извадил од возило, ја внел во тамошната црква и физички ја нападнал удирајќи ја во пределот на главата и телото.
СВР Тетово го расчисти случајот и поднесе кривична пријава против А.С. за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.