Тетовец пријавил кражба: Полицијата откри – 80.000 евра, му ги украл синот


Секторот за внатрешни работи Тетово целосно ја расчисти тешката кражба пријавена на 6 октомври годинава од 51-годишниот Т.С. од тетовското село Јанчиште.

За кражбата е осомничен неговиот син Р.С.(25) против кого ќе биде поднесена кривична пријав согласно член 263, а во врска со член 236 од Кривичниот законик.

Според полицијата, крадецот во изминатите три недели од металната каса во домот одзел 5.199.000 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1